Инспиративен постер
Игра преку која се будат креативноста и фантазијата на учениците. Темата на играта е со променлив карактер во зависност од потребите на наставникот и наоѓа примена во повеќе предмети.
Костова Цанка, Зорица Милкова, Милица Кабранова
Хамер, дрвени бои, восочни бои, фломастери, водени бои, ЦД плеер или лаптоп.
Групна
Цели
• да перципира простор и релации во просторот;
• да развива поголема визуелна способност;
• да ги искажува самостојно и слободно своите сознанија, доживувања и впечатоци, мисли и фантазија со помош на ликовниот јазик и творештво;
• да твори самостојно, тандемски, групно и колективно.
Резултати
• перципира простор и релации во просторот;
• развива поголема визуелна способност;
• ги искажува самостојно и слободно своите сознанија, доживувања и впечатоци, мисли и фантазија со помош на ликовниот јазик и творештво;
• твори самостојно, тандемски, групно и колективно.
Игровна активност
Наставникот го организира просторот со поставување клупи околу кои учениците ќе можат слободно да се движат. На клупите ги поставува потребните материјали и задава тема за која ќе изработува инспиративен постер. Избира динамична музика.
За изведување на оваа игра потребно е наставникот да даде конкретни насоки според избраната тема. На учениците им се појаснуваат начинот на цртање, начинот на движење и комуникацијата во групата (Прилог 1).
Учениците се делат во групи. На секоја клупа има поставено по еден хамер и боички (дрвени, фломастери, водени). Играта започнува кога ќе се пушти музиката. Секоја група црта на хамерот додека трае музиката, а по нејзиниот прекин ротира десно кон другата група каде што продолжува да црта (Прилог 1).