„Баба јајца редела“
Раздвижување на говорниот апарат, правилен изговор на зборови, поделба на зборовите на слогови преку бројалка со делумна смисла на содржината на текстот.
Силвана Грозданова; Душанка Јошева; Александра Филипова
● Лист хартија А4. ● Пластелин обликуван во форма на јајца во пет бои. ● Лист со шема од бројалката.
Работа во парови
Цели
Развивање ритмички способности.
Правилен изговор и поделба на слогови.
Резултати
Правилен изговор и поделба на зборовите на слогови.
Преку говорење, учениците го усвојуваат ритамот.
Печатење на слушнат ритам.
Игровна активност
Наставникот објаснува дека ќе научат една бројалка – кратка песна што се заснова на ритмичко набројување зборови.
Учениците се распоредени во парови. Им се разделува: бел лист хартија, пластелин во форма на јајце – пет различни бои. Со пластелинот треба да остават трага на хартијата. Секој од парот работи самостојно.
Активноста се започнува така што наставникот им чита бројалка бавно. Ги бројат слоговите, а тие за секој слог од зборот во редот оставаат печат со една боја. Со друга боја за вториот ред. На крај наставникот им го покажува „клучот“, тие си ги разменуваат листовите и ги забележуваат евентуалнo.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Ученици со посебни образовни потреби може да добијат пластелин и да обликуваат „јајца“ – во зависност од видот на попреченоста.