Најбрзо овошје
Преку оваа активност учениците ќе се насочат кон успешно собирање и одземање по ред. Играта е лесна и забавна и се развива натпреварувачки дух!
Ирена Анастасовска
Овошје (играчки), прибор за пишување.
Групна
Цели
- Ученикот да ја совлада брзината во собирање и одземање до 20.
- Да се развие љубов кон решавање математички операции.
Резултати
- Ја совладува брзината во собирање и одземање до 20.
- Се развива љубов кон решавање математички операции.
Игровна активност
Учениците се насочуваат да совладаат собирање и одземање и нивно практично користење.
Се насочуваат кон размислување, логичност и практична примена. Победник е онаа група што ќе заврши најбргу со задачите подготвени во Прилог 1 (јаболка, круши, сливи, портокали, јагоди).
Учениците се поделени во групи. Секоја група добива различни картички - овошје од Прилог 1 (јаболка, круши, сливи, портокали, јагоди) и на даден знак почнуваат. Ги решаваат задачите од нивното овошје. Победник е групата што прва ќе заврши и ќе ја земе својата овошка од маса.