Сонце и месечина – ден и ноќ
Преку оваа интересна активност, децата се запознаваат со денот и ноќта, на кој начин изгрева сонцето и се појавува месечината.
Картонска кутија; темперни бои; четки; ножици; глобус; светло; бели листови; восочни бои
Заедничка
Цели
Да се оспособува за одредување временски релации (денови во неделата, месеци, ден – ноќ, периоди во денот).
Резултати
Разликува ден и ноќ и периоди на денот.
Игровна активност
Картонска кутија се сече на пола, едната половина децата со помош на темперни бои ја бојат со сина боја, а другата страна во црна како ноќта (Прилог 2 и 3). Во средината се поставува глобус – планетата Земја. Од страната на денот се прави отвор на кој се поставува светло/сонце.
Со вртење на глобусот, децата го следат текот на деноноќието. Потоа секое дете го црта омилениот дел од денот.
Со децата се разговара за денот и ноќта (Прилог видео) и се даваат инструкции како секое дете да го врти глобусот и да го објасни деноноќието. Потоа секое дете има можност да го нацрта и раскаже омилениот дел од денот.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Децата со ПОП може активно да учествуваат во подготовката на материјалите (боење со темперни бои) и со помош на воспитувачот да пуштаат светлина низ отворот вртејќи го глобусот.