Нанижи го ѓерданот
Играта е креативна, логичка и е спој меѓу уметноста и математиката. Се прават топчиња во две бои и се нижат на конец по шема. Кога кругот се затвора, бројот на елементи е ист, а редоследот е различен.
Хилда Димитриевска, Станче Штерјовска, Јелена Мандиќ
Прилог 1: - пластелин - конец - игла.
Групна, Индивидуална
Цели
- Да ја совлада техниката на моделирање и да развива умешност во работата.
- Да прикаже ритам на топли и ладни бои и креативно да ги применува.
- Се запознава со прост и алтернативен ритам.
- Да се потикнува логично размислување преку работа со шеми и шаблони.
- Да се оспособи да формира ист збир со комбинирање различни собироци.
Резултати
- Ја применува техниката на моделирање и развива умешност во работата.
- Прикажува ритам на топли и ладни бои и креативно ги применува.
- Користи прост и алтернативен ритам.
- Логично размислува преку работа со шеми и шаблони.
- Формира ист збир со комбинирање различни собироци.
Игровна активност
Прилог 1: Шема со мониста за секоја група. Се прави план за работа во групи.
Се користи прилог 1 за секоја група според која секој член од групата треба да ги нареди монистата во две бои (топла и ладна), 5 од едната, 4 од другата боја. Со игла и конец ги спојува во ѓердан.
Се дели прилог 1. Учениците избираат 2 бои, прават топчиња, нижат според шемата, го врзуваат конецот. Ѓерданите се споредуваат со другите групи и се утврдува дека 4+5 секогаш е 9 и дека ритамот се забележува кај сите ѓердани.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Во оваа активност учениците со ПОП прават ѓердан по сопствена желба.