Нашата група - нашиот Сончев систем
Оваа подвижна игра на децата им овозможува да ја развиваат орентацијата во просторот и истовремено да ги систематизираат знаењата за Сончевиот систем.
Снежана Гуцуљ
Еден обрач за планетата Сатурн (детето го држи во раце околу телото), креди за цртање.
Заедничка
Цели
- Да се развива способноста за ориентација во просторот
- Да се поттикне за користење стари знаења при стекнувањето нови искуства и претстави.
Резултати
- Детето се движи по замислена кружна патека
- Детето заклучува врз основа на анализа на претходните знаења.
Игровна активност
Децата се запознаваат со нашиот Сончев систем и планетите во него (нивниот распоред, изглед, големина). Фокусот е на начинот на кој планетите се движат по својата орбита околу Сонцето и движењето на Месечината околу Земјата. Им се предлага игра во која тие ќе го формираат нашиот Сончев систем.
Децата самостојно ги поделуваат улогите, кој која планета ќе биде, водејќи сметка за нивната големина. Се редат од најмала до најголема планета, вежбаат серијација. Во поголем простор на средината застанува воспитувачот, кој е Сонцето и ги повикува планетите како што се по редослед: прва, втора...
Прв чекор: децата планети се движат секое по својата замислена патека орбита околу Сонцето, а Месечината истовремено околу Земјата. Втор чекор: се цртаат на подот орбити и планетите со движењата и околу својата оска. Се споредуваат двете ситуации. Децата заклучучуваат од своето непосредно искуство.