Сврти и кажи вистина
Играта поттикнува зајакнување на искреноста, користење на говорот како средство за изразување на своите чувства и мисли и поттикнува математичко размислување.
Биљана Стојановска, проф. по одделенска настава, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Билјана Лазареска, проф. по одделенска настава, ООУ „Вера Јоциќ“ и Јасминка Трајковиќ, проф. по македонски јазик и книжевност, ООУ „Вера Јоциќ“
● Игра „Сврти и кажи вистина“ ● Постер „Искрени барања“ ● Коцка ● Жетони или човечиња
Групна
Цели
- Да се поттикне социоемоционалниот развој кај децата, а особено искреноста како карактерна вредност.
- Да се поттикне користење на говорот како средство за изразување на своите чувства и мисли.
Резултати
- Умеат да каже реченица за искреноста.
- Умеат да го користат говорот како средство за изразување на своите чувства и мисли.
Игровна активност
Наставникот обезбедува игра „Сврти и кажи вистина“ за секоја група.
Наставникот покажува инструкции како се реализира играта, ги посочува правилата и дава пример. Учениците се поделени во групи, во прилог.
Секој ученик ја врти коцката кога ќе му дојде редот, го множи бројот сам со себе и кажува нешто за искреноста според дадените насоки. Потоа го движи човечето за толку полиња и треба да стигне прв до целта.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Детето со попреченост може да ја врти коцката или заедно со другарче да работи според насоките на играта.