Поголемите ги ловат помалите
Оваа активност им помага на децата полесно да го разберат „Синџирот на исхрана“ во природата преку изведување на природните движења на различни животни и да научат дека „поголемите ги ловат помалите“.
Бети Ќосевска
Нема информации
Групна
Цели
- Да научат дека поголемите животни ги ловат помалите.
- Да го разберат синџирот на исхрана во природата.
- Да имитираат движења на животни.
- Да ги развиваат моторичките способности.
Резултати
- Знаат дека поголемите животни ги ловат помалите.
- Го разбираат синџирот на исхрана.
- Изведуваат природни движење на различни животни.
Игровна активност
Учениците ги делиме во 4 групи: 1. група - 10 пајачиња; 2. група - 5 жапчиња; 3. група - 3 штрка; 4. група - 1 волк и 1 лисица. Се редат по групи: напред е првата група пајачиња, втори се жапчињата, трети се штрковите, а последни се лисицата и волкот. Им се објаснуваат правилата на играта.
На даден знак први тргнуваат пајачињата движејќи се со ситни чекорчиња. По нив тргнуваат жапчињата со скокање и ги ловат пајачињата. Потоа тргнуваат штрковите со летање и ги ловат жапчињата. На крај тргнуваат лисицата и волкот со трчање и ги ловат штрковите. Секоја група тргнува на даден знак.
Секое жапче откако ќе улови пајаче, го носи на своето место и се враќа по друго. Кога ќе ги уловат сите пајачиња, жапчињата бегаат, а штрковите тргнуваат да ги ловат жапчињата на ист начин. Откако ќе ги уловат жапчињата, штрковите летаат, а тргнуваат лисицата и волкот и ги ловат штрковите.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Детето може да ја следи играта, со цел да го сфати синџирот на исхрана. Може да дава знак за тргнување на групите.