Вулканска ерупција
Преку мануелна активност, омекнување и обликување на глина, да се создаде вулкан. Со реакција на оцет, сода бикарбона и боја за храна ќе се постигне ерупција.
Гордана Икономовска, ООУ „ Круме Кепески“ – Скопје
* глина * подлога * вода * темперни бои * оцет * сода бикарбона * боја за храна
Индивидуална
Цели
- Да научи да моделира вулкан со кратер и ходник. Да се поттикне на создавање појава од природата – ерупција (истекување на лава).
Резултати
- Да моделира вулкан со кратер и ходник
- Да знае да предизвика хемиска реакција
- Да го објасни создавањето на ерупција
Игровна активност
Набавка на материјали за работа – глина, картонска подлога, чашка со вода, темперни бои, оцет, сода бикарбона, боја за храна. Организација и подготовка за моделирање, боење и создавање активен вулкан.
Поставување подлога, омекнување и оформување на глината со влажни раце, создавање вулкан. Сушење (по можност) боење на вулканот со темперни бои. Соединување боја за храна и сода бикарбона во ходникот на вулканот, сипување оцет. Создадена реакција – ерупција, истекување на лава.
Го формира вулканот со омекнување на глината со влажни раце. По сушење на формата, ја бои заради идентичност со околината. Предизвикува реакција со ставање црвена боја и сода бикарбона во ходникот на вулканот, потоа додава оцет. Се создава ерупција- истекување- активен вулкан.
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Со асистенција од возрасно лице ќе може да формира и да обои вулкан.