Музичка прошетка
„Музичка прошетка“ е игровна активност наменета за консолидација на времетраењето на нотата и развојот на чувството за ритам.
Невенка Иванова-Толеска, Сунчица Бендевска, Елена Мицовски, Наташа Марковска, Горица Фердинанди
Музички инструменти: чеканчиња, тапани, ксилофон, металофон, ѕвончиња и др.
Заедничка
Цели
Ученикот да ги согледа различните времетраења на нотите и да користи различни придружни ритмички инструменти.
Резултати
Согледува различни времетраења на нотите и притоа користи соодветни придружни ритмички инструменти. Го усогласува движењето со ритамот.
Игровна активност
Наставникот обезбедува музички инструменти со кои располага според бројот на учениците: чеканчиња, барабанче, ксилофон, металофон, ѕвончиња и др. Обезбедува (печати) инструкции за движење и слики соодветни на дадената инструкција (прилог 2 и 3).
Наставникот им дели музички инструменти на учениците. Потоа, со вовед во играта ,,Музичка прошетка“, ги релаксира. Дава јасни упатства движењата во играта да одговараат со свирењето на музичките инструменти, кои инструменти ќе се користат за бавни и релаксирани движења, а кои за брзи и динамични.
Наставникот дава насоки кои се опишани детално во прилог 1, а учениците избираат кои музички инструменти ќе ги користат соодветно на дадените насоки. Со музичкиот инструмент ученикот треба да го изразува ритамот според соодветното движење и да употреби различни траења на ударите (нотите).
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Ученикот може да свири на ритмички музички инструменти со поддршка од наставник/соученик/образовен асистент .