Искривени растенија
Активноста се спроведува како вовед во изучувањето делови на растенијата. Учениците освен што ќе имаат можност да се забавуваат и да се смеат, со оваа активност лесно ќе ги совладаат новите поими.
Сандра Колева
Апликации (Прилог 2), селотејп.
Заедничка, Индивидуална
Цели
Да ги научи деловите на растенијата и нивниот распоред.
Резултати
Ги знае деловите на растенијата и нивниот правилен распоред.
Игровна активност
Играта се реализира во училница. Наставникот обезбедува апликации на кои се прикажани деловите на растенијата (Прилог 2).
Се даваат инструкции. Учениците излегуваат индивидуално пред таблата и со затворени очи треба да ги прилепуваат деловите од растението на таблата. Целта е да се состави растение со приближно правилен распоред и да се научат деловите од кои е составено растението.
Ученикот што е повикан од наставникот, треба да ја земе апликацијата што му е посочена (на пр. земи го коренот) и со затворени очи ја прилепува на таблата. Со давање инструкции и сугестии од другите ученици, ученикот што е пред таблата треба да ја прикачи апликацијата најдобро (Прилог 1).
Приспособување на активноста за спроведувење (учење преку игра) со ученици со посебни образовни потреби
Ученикот или ученичката може да учествува во прикачување на деловите на растението, да дава само сугестии и инструкции или да ги набројува деловите на растението.