Родители/Деца
Драги родители и деца!
Добре дојдовте на едукативната платформа на која може да најдете игри и активности за поттикнување на учењето кај вашето дете. Искористете го продуктивно времето поминато со вашите деца и поттикнете го развивањето на нивните карактерни вредности и развојот на нивните социоемоционални вештини!
Во оваа секција може да најдете едукативни активности за возрасната група на вашето деца и за темата што сакате да ја истражите, но и да поминете забавни моменти низ игра!
Секоја едукативна активност содржи почетен опис: име на активноста, цели, очекувани резултати од неа и начин на реализација – подготовка на материјалите, инструкции и насоки за активноста. Дополнително, повеќето активности содржат и прилози /фотографии, кои ќе ви послужат за реализација на активноста.
Сите активности се изработени од голем број едукатори и родители низ земјата и нивната содржина е верификувана.
Активности - Родители/деца
Преку игра детето ќе научи дека еден предмет може покрај основната намена, да се искористи и за други намени.
Преку разговор и интеракција, научете за сетилото за вкус кое се наоѓа на јазикот. Оваа активност вклучува и експеримент, а во самите упатства има и интересна шема со дадени инструкции за спроведување на активноста.
Ова е практична активност во која детето ќе создаде природна хранилка за птици што ќе виси во близина на вашиот дом и ќе ги нахрани птиците во различни годишни времиња. Убава можност за изработка, учење на различните видови птици и храна која ја јадат.
Преку оваа игра детето се оспособува за воочување и почитување сличности и разлики кај себе и кај другите. Преку "Куќата на емоции" детето ги препознава и именува чувствата.
Дали сте љубопитни да научите нов вид на цртеж? Воден цртеж со кој креативно може да се изразувате.
Преку оваа игра детето се поттикнува на креативност и истрајност при користење на различни ликовни техники и материјали.
Куклен театар во вашиот дом! Направете ги куклите, спремете ја сцената и препуштете се на детската фантазија. Одлична активност која ќе ја развие емоционалната компетентност и имагинацијата кај детето.
Дознајте повеќе за растенијата и нивните делови кои вообичаено не се користат и се фрлени како отпад, а можат да бидат корисни. Со оваа активност ќе научите кои плодови се обновливи, односно можат повторно да се засадат нивните делови и да се добијат нови плодови кои понатаму ќе се употребуваат во исхраната.
Развивајте ја фантазијата, втурнете се во приказните кои се кријат во природата и изразувајте се на креативен начин.
Дополнителни ресурси
Во секцијата „Ресурси“ може да пребарате дополнителна литература, прирачници, едукативни текстови, извештаи, истражувања, брошури и слично, кои го поттикнуваат социоемоционалниот развој кај децата, а се наменети за воспитувачи, одделенски наставници и за родители. Овие ресурси се поставени откако се соодветно проверени од Бирото за развој на образование.