Одделенски наставници
Драги одделенски наставници,
Добре дојдовте на едукативната платформа со креативни материјали, игри и активности за вашиот час со цел поттикнување на социоемоционалниот развој кај децата и на учењето базирано на игра.
Во оваа секција може да најдете едукативни игровни активности за возрасната група ученици со која работите, да ги пребарате библиотеките според вашите потреби и да употребите активност за да креирате еден поразличен час!
Секоја едукативна активност содржи почетен опис: име на активноста, воспитно-образовно подрачје на кое ѝ припаѓа, цели, очекувани резултати од неа и начин на реализација – подготовка на материјалите, инструкции и насоки за активноста. Дополнително, повеќето активности содржат и прилози/фотографии, кои ќе ви послужат за реализација на активноста.
Сите активности се изработени од голем број едукатори низ земјата и нивната содржина е верификувана.
Дополнително, на оваа платформа имате можност да го надградите вашето знаење преку специјализирани обуки, прирачници за работа и корисна литература.
Активности - Одделенски наставници
Активноста „Коцкaста приказна“ е наменета за деца од 6 до 8 годишна возраст и им помага при користење на новите зборови во секојдневната комуникација.Преку оваа активност децата учат самостојно да се изразуваат усно и писмено, како да ги применуваат изучените граматички и правописни правила во писменото изразување и како да индентификуваат 3Д форма (коцка).
Преку оваа активност учесниците се запознаваат со користење на мерните единици за време, идентификување и подредување на броеви, денови во седмицата и месеци во годината. Активноста е идеална за стекнување на навики за меѓусебна соработка, како и подобрување на сопствената мотивација и истрајност.
Во оваа активност детето ќе ja научи постапката на пресликување и начинот на кој може самостојно да го прави тоа според дадените инструкции. По завршувањето на пресликувањето, може да направите изложба со делата на учениците.
Развивајте ја љубовта кон читањето интересни книги и збогатете го речникот.
Преку оваа креативна активност може да научите како да развивате позитивни односи и емпатија кон другите, самоконтрола и решавање на конфликти.
Преку оваа активност детето се оспособува визуелно да ги препознава буквите, учи да именува илустрации и да ги поврзува дадените букви со сопствената илустрација. Корисна е за деца на возраст од 6 години и максималното време за подготовка е 30 минути. Ги мотивира децата и ја подобрува нивната самодоверба и креативност.
Математиката е важен дел од развитокот на децата. Активноста „Ѓердан од броеви“ ќе им овозможи на децата успешно да ја развиваат логиката. За оваа активност, препознавањето и подредувањето на броевите од 1 до 10 се едни од очекуваните резултати по завршување на активноста.
На едниот лист со цвет има претставено броеви, а на другиот лист со цвет броевите ама со точки. Еден ученик од парот го врти цветот и кажува кој е тој број, а другиот ученик го бара бројот со точки.
Игра за совладување на парните и непарните броеви.
Дополнителни ресурси
Во секцијата „Ресурси“ може да пребарате дополнителна литература, прирачници, едукативни текстови, извештаи, истражувања, брошури и слично, кои го поттикнуваат социоемоционалниот развој кај децата, а се наменети за воспитувачи, одделенски наставници и за родители. Овие ресурси се поставени откако се соодветно проверени од Бирото за развој на образование.